Ана Бунтеска: еден ден, ѕверојте поарни од чоек ќе станат

Добивај вести на Viber

Во мое време чупе

Луѓето ишарет си даваа

Белег некој оти си се бендисале

Ете, чупињата под око гледаа

Та преку овој-оној абер ќе се стореше

И љубов ќе расцветаше

И ќе се задомаќинеа децата

И од нив рожба ќе излезеше

За да се порадваат и старите (дур уште можат)

Куќите на нов живот да замирисаат

А денес?

Денес не ве бива

Ич не ве бива чупе

Демек знајте се’ за светов

А неуки во душите останвате

Знајте за ѕвезди и за наука

Ама за чоекот не знајте

И не се мајтапи со мене

Оти то се учи по биологија

Не се мајтапи со стар чоек

Слушај ко ти кажвам

Ништо за чоекот не знајте

За душата негова

За срцето кога страда

И неубо на градите ко му е

Знајте само доктори да си играте

Со апој да се наклукате

А за спокој улави и неуки ќе останите

И такви од овај свет ќе си замините

Слепи при очи

Глуви при уши

Сакати при раце за да доприте со љубов

Со нежност чоек да го полулате

И да го погалите ко мало дете

Утеха и надеж да му дајте

Ех

Годините да ви ги имам чупе

Годините да ви ги имам, ама умот не

И да можам овој ум да ви го дам

Ако нема многу ука

Ако толку книги не сум исчитала

Оти мене за вас ми е жал

Учени

А толку сиромашни и без дикат

Ко да немате уста за убај зборој да навезите

И милоста во очите ко да ви пресушила

Ко луѓе-нелуѓе

Та ѕверојте поарни еден ден од чоек ќе станат

Ех чупе, чупе мое

Во мое време многу работи немаше

Ама со чоештина стално се гоштевавме

Оти то ќе ти остани

То на душата убо ќе ти прај

За то срцето ќе ми ти чука

И ко ќе имаш деца еден ден

Да не им викаш ако не учат

Туку остај ги луѓе да бидат

Оти децата најдобро знаат

Со чиста мисла и бела душа се

Не им викај, туку од нив ти да научиш

И сполај ви да им кажиш

Луѓе да станат

Свои да се

За твои да ти останат

Чупе мое, пиле мое


 За Женски магазин, Ана Бунтеска