Ана Бунтеска: Ете само толку треба

Добивај вести на Viber

Утрото да осамне

Со немирен вкус на живот

Мирис на жешко кафе

Кое ги скокотка сетилата

Неколку колачиња со цимет

Чии ронки се губат во килимот

Детска смеа

Чиниш ѕвончиња слушаш

Топла прегратка

Од која знаеш дека се’ ќе е во ред

Мислата дека жива си, тука си

И тивко благодарам кон универзумот

Два реда муабет со сродните души

Чиј збор е како мелем на рана

Омилената песна на радио

Која несвесно ја потпевнуваш

Спокој низ денот

Кога знаеш дека има надеж

Чист образ 

Кој ќе го оставиш во аманет

Кристална мисла за убост

Исполирана за да блесне во сивилото

Подадена рака

Кон оние кои помалку среќни од тебе се

Стисок на две срца со ист ритам

Меѓу погледи полни љубов

Исчитана страница од книга

Во која главниот лик си ти

Завртен грб на злобата

Од која како ѓаол од крст бегаш

Отворени дланки и дарен цвет

За да ти замириса секојдневието

Ноќна тишина и чаша бело вино

За да го испратиш ДЕНЕС

Поглед вперен кон УТРЕ

И тивка молитва да го дочекаш

Лесен сон

Како пердув од бела птица

И љубов

Немерлива и искрена

Кон себе

Кон ближните

Кон животот

Толку треба

Ете само толку ми треба

Толку ти треба

Толку ни треба


За Женски Магазин, Ана Бунтеска