Ана Бунтеска: Љуби ме
Љуби ме...
Без пофалби да бараш
Без никакви изговори да даваш
Без да мериш колку
Без да премеруваш зошто
Без да пришиваш заслуги
Без да обрабуваш лузни
Без да проценуваш дали вреди
Без да подголтнуваш дали вредиш
Без да ме прашаш дали сакам
Без да кажеш дека сакаш
Без сомнеж дали таа сум
Без убедувања дека тој си
Без мисла за минатото
Без визија за иднината
Без страв што носи денот
Без очекување што ќе донесе ноќта
Без причина која ја бараш
Без безброј пречки кои ќе ги најдеш
Без желба да ме промениш
Без да те сменам да дозволиш
Без никому отчет да даваш
Без од неважни амин да чекаш
Без срам дека срцето ти трепери
Без гнев оти пред љубов коленичиш
Без игри кои и двајцата не ги знаеме
Без шах во кој ќе се матираме
Без кусур во зборот да ми фаќаш
Без ниет со љубомора да ме мачиш
Без попатни авантури со други
Без приказни за мали деца
Без глумење возрасни
Без маска на сериозни и студени
Без повишен глас во кавга
Без бакнежи да броиме
Без бесони ноќи да множиме
Без солзи да собираме
Без достоинство да си одземаме
Без постелата надве да ја делиме
Без суета кој попаметен е
Без обиди кој кого будала ќе стори
Без небото граница да биде
Без окови на врат да си ставаме
Без забуни со кои душа ќе си труеме
Без муртења и клетви
Без грб вртења и пцости
Љуби ме...
Љуби ме денес и љуби ме сега
За Женски Магазин, Ана Бунтеска