Бали бег обвинет за злоставување, јавноста ја чека неговата изјава: Тешки денови за турскиот актер
Изјавата на соработниците на славниот актер ја шокираа јавноста
Актерската двојка, триесет и четиригодишната Фахрије Евген и една година постариот Бурак Озчивит, ја освоија публиката во турските серии, кои се многу популарни кај нас последните години, и интересно е како тие се заљубиле при заедничко снимање.
Двојката ја круниса својата љубов со брак во 2017 година во Истанбул по четири години врска, а во април минатата година станаа и родители на нивниот син Каран.
Сепак, во последно време, турските медиуми најавуваат за бројни расправии што овој атрактивен пар ги има, а наводно, се обидува да ги скрие од јавноста, а во неколку наврати се шушкаше и за тоа дека планираат да се разведат.
Многумина сметаа дека актерот минува низ тежок период поради тоа, сепак, тој неодамна во едно интервју изјави дека сопругата Фахрије е неговата најголема поддршка во животот и дека го обожава нивниот семеен живот.
Сепак, наскоро се појавија сериозни проблеми за Бурак. Имено, актерот се соочи со сериозни обвинувања дека е - насилник. Според турските медиуми, колегите од сетот на серијата „Курулус: Осман“, во кој тој ја играше улогата на Осман беј, изјавиле дека е невозможно и дека е пеколно да се работи со него.
- Кога знаете дека ќе снимате со Бурак, одењето на сет е толку болно. Ме боли да размислувам за тоа. Ментално ги злоупотребува сите свои колеги - вика, вели дека тие се неспособни, дека не се достојни за актерскиот свет, а покрај сето тоа, тој се издигнува себеси - изјави неименуван извор кој работел на снимањето на споменатата серија .
Реакциите на актерите на овие обвинувања сè уште се чекаат.
Фото: Инстгарам/burakozcivit/evcenf
Можеби ќе ве интересира:
(ФОТО) Убави родители, уште поубаво дете: Синот на Неџла и Бали Бег е пресладок