Беше една од најубавите Американки, во бременоста имаше 117 кг па се преполови: Тоа не ѝ беше доволно, па денес е непрепознатлива

Добивај вести на Viber

„Мислам дека ја изгуби контролата“, „Зарем ова не е загрижувачко?“, гласат коментарите на Инстаграм фотографијата на пејачката Џесика Симпсон која не може да запре со трансформацијата на својот изглед.

Џесика Симпсон е уште послаба, а ако не се работи за фотошоп имала корекции и на лицето. На прв поглед е навистина непрепознатлива.


Кога станува збор за оваа убавица, често можевте да слушнете дека последниве години изгледа се послабо и послабо. Откако во 2019 година се породи по трет пат, а во бременоста се здебели 117 килограми, Џесика реши да се врати на „старата линија“.

View this post on Instagram

A post shared by Jessica Simpson (@jessicasimpson)


Таа успеа да ослабе 45 килограми, а потоа открила што и помогнало во тоа. Движела по 4.000 чекори дневно. Стартувала со 6.000 чекори и ја зголемиувала рутата. Имала три оброци и две ужинки. Секој оброк содржел протеини, влакна и масти, додека закуските се состоеле од комбинации на протеини и влакна или протеини и масти.

Сѐ се одвивало под контрола на тренерот Хари Пастернак, кој напоменал дека главниот трик е балансирањето, па Џесика си давала пауза на роденденски забави или ноќни излегувања, одвреме-навреме.

А за тренинзите бил задолжен Сидни Либес, кој утврди дека Џесика тренира три пати неделно по 45 минути.

„Women's Health“ напиша за малите тајни на нејзината трансформација, а актерката со резултатите се пофали на Инстаграм: „Три пати ослабев и качив 45 килограми, па мислев дека овој момент никогаш нема да се случи, но конечно ги поминувам пролетните празници во бикини. Напорна работа, решителност и самопочит. Плачев од среќа“.

Најстарото дете на Џесика Симпсон има 10 години, таа вторпат се породи во 2013 година, а потоа повторно во 2019 година.

Дали под притисок на луд и многу опасен диктат што им се наметнува на новопечените мајки да го симнат вишокот килограми веднаш по породувањето или нешто друго, но Џесика Симпсон речиси опсесивно сакаше да ослабе.

View this post on Instagram

A post shared by Jessica Simpson (@jessicasimpson)



На страна е здравствената заштита која е најважна, но умереноста не смее да се заборави.



Џесика Симпсон важеше за една од најубавите Американки, таа „титула“ никогаш не ја загуби, но можеби притисокот за очекувањата на другите е пресилен за неа.


View this post on Instagram

A post shared by Jessica Simpson (@jessicasimpson)



ФОТО: Инстаграм