Беше омилен и победи во „Срвајвер“: Влада Вуксановиќ е во брак со Доминиканка и стана татко по втор пат
Познатиот модел Владимир Влада Вуксановиќ по втор пат стана горд татко.
Тој доби син, на кого му беше дадено слаткото име Теодор, а со овие зборови, Влада се пофали на неговите следбеници и пријатели на социјалните мрежи.
Честитки пристигнуваат од сите страни, а Влада не ја крие својата среќа.
Пред помалку од две години, тој ја доби ќерката Валентина, која многу личи на неговата сопруга, од Латинска Америка.
Доминиканката Дохијана и Влада долго ја криеја својата љубов.
- За среќата нема многу што да се зборува. Нашата венчавка беше во кругот на најблиското семејство, така секогаш го замислував тоа. Се разбравме брзо. Таа е од Доминиканската Република, живееше во Швајцарија и добро се снаоѓа овде. Има и свои пријатели, учи српски јазик и тоа е тоа. Малку е збунета, учи падежи, но добро разбира - рече Вуксановиќ во една прилика.
Инаку, Влада беше победник во реалното шоу „Срвајвер“ кое се емитуваше и кај нас, тој беше миленик на жените, а после шоуто влезе во врска со Наташа Беквалац, во 2012 година тие се верија, но, сепак следеше пропаст на нивната љубов за помалку од две години. Своевремено Влада беше во врска и со фолк дивата Цеца.
извор:GLOSSYфото: instagram