Бев мртва 30 минути, лебдев над моето тело: Докторка раскажува како ја преживеала смртта
фото: Youtube printscreen/CNN/SurvivingDeath
Ќе се наежите од животната приказна на лекарката Мери од Њујорк, тaa сè уште се сеќава на секој детал.
Њујорчанката Мери Нил (62) е докторка која беше заразена со коронавирус, но успешно го победи и вели дека никогаш не се исплашила за себе затоа што „знаела“ дека нема да умре, а еве како.
"Коронавирус? Не беше време да се умре. Тоа го знаев затоа што станав од мртвите во 1999 година, а потоа ми рекоа што ќе се случи во иднина“, вели Мери Нил во интервју за емисијата „Преживеана смрт“.
Во далечната 1999 година, Мери отишла со своето семејство во Чиле, каде што едно попладне пловела со кану на реката.
Одеднаш се превртела во чамецот и паднала во водата. Ја удрила главата на карпа и лебдела во водата околу 20 минути, сè додека не ја повлекла на површината.
Таа тврди дека не била исплашена на почетокот на „состанокот“ со починатите.
„Бев неверојатно смирена и мирна. Сите ме погледнаа со блажена насмевка. Одозгора, гледав како моите колеги ме оживуваат околу десетина минути. Ангелите потоа одеднаш ме вратија во телото и дишев. Тоа беше пред повеќе од две децении, но и денес се сеќавам на сè“, рече Мери, чија животна приказна ја раскажа за емисијата „Преживеана смрт“ и може да се гледа оваа зима на Нетфликс.