Бил закана за државата, па не ја виде болната мајка: Пејачот Владо Георгиев доби забрана за влез во Црна Гора

Пејачот Владо Георгиев денес е вратен од границата со Црна Гора, каде што воедно му врачија решение за забрана на влез во оваа држава.

Како што објави тој на Твитер, причината за тоа е „националната и внатрешна безбедност“.


„Господа, на границата ми беше врачено решение ЗА ЗАБРАНА НА ВЛЕЗ ВО ЦРНА ГОРА! Причината е националната и внатрешната безбедност! Ете, не знам што повеќе да додадам. Ова е дно. Нека ви биде на здравје и на образот. На здравје! Напијте се нешто, веселете се“ - напиша тој на Твитер, споделувајќи фотографии од забраната.

Причината поради која Владо сакал да оди во Црна Гора била да ја посети неговата мајка, која моментално е неподвижна и е во болница, откако и била направена операција на колкот.