Чичко Драган беше исклучително паметен човек: Димитар Андоновски за Вучиќ

По тажната вест за смртта на Драган Вучиќ, добро познатиот музичар и водител, познатите се простуваат од него. На емотивните објави на водителката Милена Антовска Станковска, музичарот Панчо, и пејачот Димитар Андоновски се прости од Вучиќ.

- Чичко Драган е човек што остави голем белег во македонската музика и македонскиот шоубизнис. Беше исклучително паметен човек и човек што го почитував лично премногу. Сликата е од нашата последна средба, кога ме покани да бидам гостин во неговата емисија. Почивај во мир чичко Драган, сочувство до целата фамилија- напиша Димитар под нивната заедничка фотографија.


Еве што кажа Вучиќ во своето интервју за лошите коментари упатени на негова адреса.

Венко Филипче за смртта на Драган Вучиќ.