Човек без мајка е ранета птица со скршена душа: Кога таа ќе умре закопуваме дел од Срцето засекогаш

Моментот по кој веќе никој не е ист!


Мајката е дефинитивно највлијателната личност во животот на скоро секоја личност. Таа се грижи за нас секогаш, и е еден од ретките луѓе кои ќе останат со нас во секоја можна ситуација, подготвени да нè утешат со убави зборови, да не гушкаат, да бдеат над нас кога сме болни, и покрај тоа што сме пораснале.

И кога ќе ги направиме најлошите грешки во животот, таа никогаш нема да нè напушти, таа ќе ни помогне да преживееме, таа ќе се погрижи да нè боли помалку.

Љубовта што мајката ја чувствува за своите деца не може да се мери со ништо, и таа љубов не исчезнува дури и кога мајката веќе не е со нас. Таа е првата личност со која остваривме длабока врска, нашиот вечен заштитник, она што никогаш нема да нè заборави.

Кога таа ќе замине засекогаш, се чувствуваме како да не сме веќе целосни. Се чини дека дел од нашата душа ја снемува засекогаш. Дел кој го погребавме со неа, тој останува со неа засекогаш. Не е важно дали сме биле покрај мајка ни во последните неколку дена или не сме стигнале навреме да се збогуваме; кога мајката ќе умре, ништо повеќе нема да биде исто. Повеќе нема да бидеме исти.

Колку е поприсутна вашата мајка во вашиот живот, толку е полошо кога ќе замине, без разлика дали сте тинејџер или возрасен кој веќе има семејство.

Кога човек ја губи својата мајка, тој почнува да се чувствува како сосема друга личност. Болката е толку силна што се чини дека влегува во секоја пора на душата и дека се стега и стиска внатре со силните тупаници на најсилното чудовиште. Срцето боли, светот се распаѓа на парчиња, исчезнува без трага. Оваа болка е тешко да се опише со зборови и ја разбираат само оние што веќе поминале низ ова.

Ништо во животот не може да ве подготви за ова. Колку и да сте свесни дека смртта е природна појава и дека загубите се тешки, кога мајка умира, тоа е секогаш шок. Секогаш е изненадување. Никогаш не било време. И никогаш нема да биде.

Кога мајката ќе умре, срцето добива дупка. Огромна, незамислива рана што никогаш не заздравува, но само учиме да живееме со неа, да ја издржиме. Ние наоѓаме сила да продолжиме понатаму. И навистина, болката малку згаснува со текот на времето, но никогаш не заминува. Никогаш не се заборава, и затоа вашиот живот никогаш повеќе нема да биде ист по смртта на мајката.

Реалноста на животот во кој веќе нема мајка влијае толку многу врз нас, што ни се чини дека и ние починавме со неа. Болката е реална. Уништувачки Силна, како најсилна физичка болка.

Ќе треба долго време да ја соберете вашата душа и да го вратите вашиот живот во нормала, но ова е настан по кој веројатно ќе треба да одморите од сè што  сте правеле. Ќе ви треба време да се соземете и да продолжите понатаму.

Сите оние кои ја изгубиле својата мајка засекогаш, имаат едно заедничко нешто - тие се луѓе со скршена душа. Ранети феникс што ќе се издигнат од пепелта, но не и цели. И не е важно кога се случило, пред неколку дена или пред 20 години. До крајот на животот, ќе бидете ранета птица која тагува за топлото крило на својата мајка и безбедно гнездо ...


Извор: Stil.kurir.rs

Фото: Shutterstock

Кога родителите ќе умрат: Овие 10 работи засекогаш се менуваат