Да се почитуваат мерките за заштита: Венко Филипче со апел го честита празникот Голема Богородица

Министерот за здравство Венко Филипче испрати апел до сите верници, кои денес на празникот Голема Богородица ќе ги посетат верските празници. Тој истакнува дека само со почитување на мерките за заштита од Ковид-19 може да се стави крај на ширењето на вирусот.

Во продолжение во целост ви го пренесуваме неговиот апел:

„На православните верници им го честитам големиот празник пресвета Богородица. Многу здравје, љубов и благосостојба на сите. Без исклучок да ги почитуваме мерките за заштита од ковид-19. Ова се големи денови кога се собираме со нашите најблиски, но и ги посетуваме верските храмови. Поради тоа, мора да продолжиме да внимаваме на своето здравје и здравјето на сите околу нас. Да носиме заштитни маски, да одржуваме физичка дистанца и редовно да ги миеме рацете.“ - порача министерот за здравство Венко Филипче.