Даниела направи вистинска празнична бајка: Ѕирнете во куќата на Амиџиќ која е подготвена за Божиќ и Нова Година (ФОТО)

Даниела Димитровска Амиџиќ, сопругата на познатиот водител Огњен признава дека ужива во празничната магија, особено во семејните дружења и гозби.

Познатата манекенка со македонско потекло, и претприемачка Даниела Димитровска не крие дека декември ѝ е еден од омилените месеци во годината, бидејќи украсувањето на домот и семејната идила ѝ значат многу.

Бидејќи е мајка на ученикот Матија, на средината на месецот решиле да направат вистинска празнична бајка во нивниот дом, а Даниела со своите следбеници на Инстаграм сподели како ја украсиле елката.

- Ги сакам празниците и се што оди со нив, украси, подароци, радост, Дедо Мраз и големи количини храна и пијалоци. Радувајте се! – напиша таа покрај краткото видео.

View this post on Instagram

A post shared by DANIJELA DIMITROVSKA AMIDžIĆ (@danijeladimitrovska)


Оваа година, Амиџиќ одлучија да ја украсат големата елка со вештачки снег, а преовладуваат црвените и сивите украси кои фантастично се вклопуваат во белите детали на дневната соба.

Покрај тоа во нивниот дом можеме да видиме и розови тонови, многу детали и необични лустери.

Покрај семејните обврски и мајчинството, манекенката е сопственик и на модна агенција, каде таа и нејзиниот тим избираат нови луѓе кои ќе направат светска кариера, исто како неа.

Специфичните црти на лицето и убавината ги наследила од нејзината мајка, како и од сестрата Ивана, која ѝ е најголема поддршка покрај сопругот.

извор:GLOSSY
фото/видео:инстаграм

Тој ѝ ја посвети песната „Македонка“: Даниела Димитровска искрено за бракот со Огњен Амиџиќ

Огњен Амиџиќ е многу популарен, ама неговата сестра никој не ја знае: Како изгледа Маја?

Љубов која трае повеќе од 10 години: Даниела Димитровска ја откри тајната на успешниот брак со Огнен Амиџиќ