Дарко Лешоски: Jannat- луѓе кои имале среќа да ја пронајдат и почувствуваат вистинската љубов

Добивај вести на Viber

Еден поинаков концепт на поетот и сестран уметник Дарко Лешоски специјано за Женски магазин. Преку медиум- видео форма ги растура своите мисли- всушност „чудни“, необични зборови од секој светски јазик кои имаат длабоко значење, а тој се надоврзува на суштината на зборот со одлична нарација, умствена „гимнастика“ и визуелен опис.

 Jannat (н.) – потекло: урду јазик.

 Jannat е место каде убавината, надежта и магијата секогаш носат неочекувани убави моменти кои се вечни.

Обично тоа место секогаш „живее“ во оние луѓе кои имале среќа да ја пронајдат и почувствуваат вистинската љубов. Тоа место „живее“ во нивните очи.

Еј љубов моја...

Можеби ќе поминат илјада години, но секогаш кога ќе дува силен ветер, ќе се сеќавам на тебе.

Човечката кожа памети како море...

се крева како плима

И не е крај на светот дека сте на крајот на светот во овој момент! 

Не!...

Целиот опис со зборови и визуелизација на видеото подолу: