Дарко Лешоски ви го открива Јаков: „Се бореше со мене да преживее, беше храбар и преживеа“

Добивај вести на Viber

Дарко Лешоски, поет, писател, визуелен и сестран уметник. Преведуван е на англиски, словенечки, кинески и на други јазици.

Со него Женски магазин започнува соработка, во која ќе го видите во малку понакво светло, еден Лешоски од друг агол, од друга перспектива.

Еве што вели во описот за негововото првенче кое е поткрепено и со зборови но и со видео:

Пред бајаги години во мене изниква еден лик кој подоцна го нареков Јаков. Се бореше со мене да преживее, беше храбар и преживеа. И јас го пуштив да постои, да живее во мене, да му помогнам да си ја каже својата приказна. Неодамна, му помогнав и ми помогна и тој мене, да го затвориме неговиот “круг” и тој е сега жив, си најде „дома“ во една драма која се вика “Јас, Hommo balcanicus” и која освен мене никој не ја читал и изживеал. (а се надевам скоро ќе - секој кој ќе сака да го стори тоа.)

Во еден момент кога човек останува насамо со себе сам и чека да си го собере мене во себе од сите правци наеднаш, јас се отплашив да признаам дека на моменти бил тој повеќе вистина од мене кој сум жив.

Она што сум бил, што сум сега и што можам да бидам или не бидам.

Начинот на кој тој лик во мене го гледа и чувствува Светот и убавината наречена “автентично постоење”.

Таквите моменти сакам да ги споделам со вас. Учам од него за храброста. Да се осмели човек.

И сѐ од она кое ќе следи е негово или наше, мое.

А од моментот кога ќе го споделам со вас тоа да е мое веќе престанува - станува и ваше, ако успее да ви ѕирне и вам во душата.

Мој е и изборот на „сликите“ и музиката и компилирањето и монтирањето (да научив во меѓувреме и тоа со сите маани и зборовите.

Тој Јаков мене ме зеде за рака и ме понесе на места на кои не сум ни знаел дека можам да одам. Да сум јас тоа. Ова се само мигови од неговата, нашата сега веќе приказна.

Искрено благодарам на White Ridge Gin https://whiteridgegin.com/ кој ќе не дружи на нашите автентични „патувања”, а од скоро ќе можете и вие да се дружите со таа мијачка светлина и топлина.


На Женски магазин кој ќе ни помогне полесно вие да ме дружите секоја среда во месецот, да ви ги раскажам.

Ако сакате се разбира! Без обврска. Што би рекол Јаков таму некаде: “Јас сум, не барам од тебе дозвола! “

Животот знае да биде суров, а светот најчесто одвратен  ама нема ништо поубаво од човечко срце кое чука во целата Вселена. Нема!

Денес е убав ден! Јас знам зошто.

Нека почне…