Дедо за пари или маж за навек: Дизајнерот 81, девојка му 36 години- вака изгледа тоа кога се топлес

Добивај вести на Viber

Уште еден пример дека љубовта не познава години.

Роберто Кавали (81) е познат италијански моден дизајнер и покрај завидната кариера во светската мода, има и богат љубовен живот. Беше женет двапати и има пет деца.

Сега ужива во љубовта со Сандра Нилсон, која е 45 години помлада од него. Неговото богатство се проценува на 500 милиони долари, а во врска со оваа атрактивна манекенка стапи во 2008 година. Тие често се следени и фотографирани на луксузни дестинации, а нивните страсни моменти папараците редовно ги „ловат“.

Како и во оваа прилика кога се фотографирани на плажа, па корисниците на Твитер се прашуваат дали е ова машко его, женска алчност или љубов?!

Поради нивниот избор, иако тоа никого не загрозува, често се мета на грди коментари од оние кои веруваат дека љубов не може да се случи ако разликата во годините е поголема од „очекуваната“.

фото:Profimedia

Избраницата на Кавали, Сандра, порано беше шведска манекенка, во тој свет влезе на 16-годишна возраст и се натпреваруваше на многу избори за мис. Во 2006 година беше прогласена за седма најубава жена во Шведска, а се испроба и во актерството.

А потоа во 2010 година го запозна Кавали, по неговиот развод и, останатото е историја. Таа стана, како што во неколку наврати истакна познатиот дизајнер, „неговата муза и вистинска љубов“. И најважно, не се грижи ниту за разликата во годините, ниту за коментарите на луѓето.


Во 2015 година, Роберто ѝ приреди необично изненадување. Тој ѝ купил цел остров во Шведска, недалеку од Стокхолм, со оглед на тоа што била тажна дека често не оди во родната Шведска.
Изгледа дека нивната љубов, која трае со години, е многу посилна од приказните и мислењата на други луѓе. Повторно и повторно докажуваат дека годините се само бројка на хартија.

извор:najzena