Пример за сите: Девојче собра 30.000 пара чевли и ги донираше на бездомници
Кога Линдзи Собел имала 12 години, присуствувала на кошаркарски натпревар во арената „Стејплс Центар“ во Лос Анџелес и била сериозно погодена од високото ниво на бездомништво во областа.
„Забележав дека многу од нив живеат во навистина ужасни услови и сметав дека никој не заслужува да живее на тој начин.
Згора на сето тоа, забележав дека многу од нив дури и немаа чевли… На 12-годишна возраст, помислив: „Ох, луѓето немаат чевли? Тоа ми создаде сосема нова перспектива за животот “, вели Линдзи.
Сега како 17-годишно девојче донираше 30.000 пара чевли на луѓе низ Јужна Калифорнија - неверојатно достигнување за кое вели дека ја исполнува со среќа поради фактот што е во состојба да им помага на луѓето.
По своето искуство на кошаркарскиот натпревар, Линдзи го отворила својот плакар и сфатила дека има многу чевли што никогаш не ги носела.
“О, Боже, никогаш не носев ни половина од тие чевли. Дарувањето чевли би бил одличен начин да ѝ се помогне на заедницата “, се присетува како размислувала.
И така, инспирирана, таа одлучи во 2016 година да започне да собира нови и веќе носени чевли. Таа основаше добротворна организација наречена “Shoes for Souls” („Чевли за душа“) и започна да бара помош од пријатели и луѓе кои би донирале.
Таа исто така организираше еднонеделно патување во летен камп каде што камперите се натпреваруваа едни со други за да донираат повеќе обувки. Линдзи брзо собра илјадници чевли што ги донираше во локалните засолништа за бездомници и беше прогласена за млада на годината во малиот град Чатсворт за 2017 година.
Како средношколка, Линдзи продолжи да собира десетици илјади чевли во изминатите неколку години, но како што настапи пандемијата, собирањето донации стана малку потешко - иако знаеше дека се' повеќе и повеќе луѓе имаат потреба од помош.
Таа ја искористи „ Nextdoor“, апликација за социјално вмрежување во соседството, со своето училиште, одбојкарскиот клуб и пошироката заедница, за да организира бесконтактно преземање на донации чевли.
Кога двајца членови на Градскиот совет на Лос Анџелес ѝ побараа помош, таа успеа да донира над 4.000 пари за неколку недели.
“Бев толку почестена што можев да помогнам. Беше навистина одлично да гледам како се исплаќа мојата работа“, рече Линдзи.
Иако Линдзи сака да им даде на луѓето што повеќе чевли, таа вели дека секогаш се грижи тие да бидат во добра состојба.
„Моето мото е, „ако и вие би ги носеле, ќе ги прифатам“. Сакам да се обидам да им го дадам најдоброто можно искуство на сите луѓе. Не сакам да им дадам пар чевли кои се уништени или истрошени. Не сакам да мислат дека тоа е нивна сопствена вредност“, вели Линдзи.
Линдзи рече дека заради организацијата „Чевли за душа“ сега има голема почит кон добар пар чевли.
„Знам дека зачуваниот пар чевли навистина може да разубави нечиј ден, став и поглед кон животот. Сакав да им помогнам на што повеќе луѓе и продолжувам да се стремам кон тоа “, заклучи Линдзи.
извор:amightygirl.com