Доколку некој се сомневаше во нивната љубов, погледнете го ова видео: Божиќната забава на Џенифер Лопез и Бен Афлек (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Познатиот пар во дует пред публиката придружуван од пијанист ја изведе песната на Џон Леџенд „By Christmas Eve“, а Џенифер ги забавуваше гостите пеејќи божиќни хитови.

Младенците Џенифер Лопез и Бен Афлек решија со голем стил да го прослават својот прв заеднички празник - со гламурозна божиќна забава полна со познати гости што ја приредија во нивниот дом во Холивуд.

Странските медиуми јавуваат дека меѓу гостите биле Ким Кардашијан, Доја Кат, Били Ајлиш, Ванеса Хаџенс, Џејн Фонда и многу други, а на социјалните мрежи кружат серија видеа во кои главните ѕвезди се Џен и Бен.

View this post on Instagram

A post shared by Ben Affleck vibes (@ben_affleckvibes)


Познатата двојка изведе дует пред толпата. „By Christmas Eve“ на Џон Леџенд во придружба на пијанист, а Лопез ги забавуваше своите гости пеејќи ги божиќните хитови како „It's The Most Wonderful Time of the Year“ и „Jingle Bells“. Во еден момент разменија страстен бакнеж и ги воодушевија присутните.

View this post on Instagram

A post shared by Just a fan of Ben Affleck (@benaffleckiloveyou)


Џенифер за оваа пригода избра зелено и златно фустанче, кое го комплетираше со екстравагантен дијамантски ѓердан, а Афлек се одлучи за едноставен црн блејзер и маица.

„Бен и Џен многу се забавуваа подготвувајќи се за Божиќ. Тоа е нејзиниот омилен празник, така што таа секогаш се труди, но тоа е навистина возбудливо време за нив како двојка бидејќи е нивниот прв Божиќ како маж и жена. Тие решија да украсат огромна елка со помош на нивните деца. Нивниот дом изгледа прекрасно со украси и сите тие светилки“, изјавил извор близок на парот.

Тој додаде дека Џеј Ло сака оваа година да биде уште поспецијална и се надева дека ќе создаде нови семејни традиции со Бен.

"Тие планираат да ги поминат празниците заедно, со децата и нејзиното семејство. Џен, нејзината мајка и сестра се одлични готвачи, па со нетрпение чекаат да бидат заедно и да уживаат во празниците", рекол тој.

извор:GLOSSY