Џеј Ло и Алекс Родригез сè уште се среќни и вљубени: И не можат да се заситат еден со друг (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Со денови светските медиуми пишуваат дека музичката и филмска sвезда ја раскинала свршувачката, но нивните најнови фотографии не укажуваат на тоа.

-Минатата недела американските медиуми објавија дека завршила четиригодишната врска и двегодишната свршувачка на пејачката и актерка Џенифер Лопез и поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез. Поранешниот спортист, кој ја изневери Џеј Ло со ријалити sвездата Медисон Лекрој, наводно е виновен за сè. Сепак...

Парот, кој не се огласи дали конкретно раскинале, по повод пишувањето на медиумите, вчера беа фотографирани заедно. Иако Џеј Ло изјави дека работат на проблемите во нивната врска.

Папараците ги фатија Џенифер и Алекс во Доминиканската Република, релаксирајќи се во дворот на куќата каде што се сместени. Свршениците се бакнуваа, се смееја, се забавуваа, разговараа.

Не е познато дали тие двајца навистина раскинале и се смириле или немало раскинување, но - изгледаат позаљубени од кога било!

извор:GLOSSY

Поврзани вести:

Дали сме лицемерни кога мислиме дека Џеј Ло гола е одлична, а гола Македонка не е?
13 години откако ги носев на раце среде снежна бура: Џеј Ло им го честита роденденот на децата близнаци