Емили Ратајковски во идеална пролетна комбинација: Ретро патиките се неизбежен моден детаљ

Американскиот модел и актерка Емили Ратајковски ужива во првите денови од мајчинството, а сончевите денови во Њујорк ги користи за прошетка со својот сопруг Себастијан Бер - Меклар и синот Силвестер Аполо. За една семејна прошетка, Емили одбра едноставна, но кул комбинација која со задоволство ќе ја позајмите од нејзиниот плакар.

Блејзерот и фармерките се една од најпопуларните пролетни комбинации, која ја обожува и Емили Ратајковски. За лежерната прошетка, познатата манекенка се одлучи за блејзер со класичен крој и фармерки со висок струк и црн џемпер.

За да го зачини овој едноставен изглед, Емили додаде и волнена капа, очила за сонце, црн ремен, златен накит и црвени чорапи. Можеби најмногу внимание во оваа комбинација добија патиките за кои се одлучи Ратајковски, а кои се фаворити на бројни познати ѕвезди и модни трендсетерки.

По примерот на Емили, оваа пролет носете ги ретро патиките со слична комбинација со елегентните модели како класичниот блејзер, лежерните фаворити како фармерките и тренерките, но и во комбинација со шарени и женствени пролетни фустанчиња и здолништа.

фото: Profimedia