(ФОТО) Елена Ристеска пред 18 години победи на „М2“: Вредеше поради вас

Пејачката Елена Ристеска пред цели 18 години беше првата победничка на потрагата по музички таленти позната како „М2“. Тогашното девојче, сега е зрела жена која зад себе има многу успеси, за кои емотивно им се заблагодари на сите кои ја поддржуваат низ годините.


Поп-ѕвездата од пред неколку месеци е сопственик и на своја козметичка линија ЕРА, за која вели дека ја чинела многу непроспани ноќи, а додека да ја финишира својата замисла до крај, и здравјето ѝ било загрозено. Сосема искрена и детална во одговорите, Елена во интервју за Женски Магазин зборуваше за мирисите кои ја потсетуваат на добрите и на лошите нешта, за покојниот татко, за љубовта и предрасудите со кои ѝ пристапуваат мажите кои ѝ се додворуваат.