(ФОТО) Помалата ќерка на Маја и Дарко Панчеви стана модел

Најголемата гордост на пејачката Маја Гроздановска-Панчева и фудбалерот Дарко Панчев се ќерките Надица и Марија.

Маја за ќерките Надица и Марија, изјави дека и двете имаат афинитети кон музиката и кон модерниот танц. Надица покажува талент за јазици и студира на Филолошкиот факултет.

Помалата Марија е вистинска убавица и веќе се остварува во професијата модел. Имено таа е дел од модното студио „Моделс Ин“.

Фотографиите на нејзиниот профил на Инстаграм се доказ за нејзиниот талент и природна убавина.