Ги остави сопругот и синот: Меган Маркл се врати во Америка

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, во последен момент одлучила да ги спакува куферите и сама да замине за Њујорк, информира близок извор до крлското семејство. Ова е нејзино прво патување преку Атлантикот без сопругот, принцот Хари, а дома останал и синот Арчи.

The Times пишува дека поранешната актерка отпатувала во Америка со комерцијален лет, откако пред извесно време таа и Хари беа на удар од јавноста дека често патуваат со приватен авион, а се еколошки настроени во кампањите кои им се доверени.

Маркл заминала за Њујорк во живо да ја бодри нејзината блиска пријателка Серена Вилијамс која се пласираше во финалето на УС Опен.


Можеби ќе ве интересира:

Секое утро ѝ почнува со вода со лимон: Вака се храни Меган Маркл