Го покажа бебето, но и својата совршена фигура: По помалку од месец од породувањето, Мартина Михајловска во топ форма (ФОТО)

Поранешната водителка и модел Мартина Михајловска и нејзиниот сопруг Виктор Илоски на почетокот на месец август го добија своето второ заедничко дете, синот Матиас.

Манекенката вешто ја криеше бременоста, а сега по помалку од месец од породувањето реши да објави фотографии од синот и постарата ќерка Алана.

Мартина има совршена фигура, рамен стомак и може да облече што ќе посака и тоа одлично да ѝ стои.

Младата мајка ужива во мајчинството и како што напиша на фотографиите: 

„Моето цело срце, мојот цел универзум! Моите две љубови! Фала ти Боже, за оваа чита љубов! Благословена сум!“