Гоца Тржан во солзи: Барем сум му донела среќа некому кога не можам на себеси

Пејачката Гоца Тржан (48) на Инстаграм сподели што доживеала, и веднаш се расплака кога почна да зборува на оваа за неа многу чувствителна тема.

Гоца Тржан откри дека жената која со неа била на ин витро оплодување ѝ пишала, па пејачката ја обзеде среќа поради зборовите на жената која ѝ кажала, дека Гоца ѝ донела среќа.

- Морам да споделам нешто со вас, добив порака од жена со која бев на ин витро оплодување во Прага, таа ми испрати слика од тримесечното момче и ми напиша дека сме ѝ донеле среќа - рече Гоца на Инстаграм низ солзи, а потоа додаде:

- Нека е жив и здрав сто години, мило ми е што барем сум му донела среќа некому кога не можам на себеси. Сите ве сакам многу и не се откажувајте.

Гоца со години се обидува да го прошири семејството со сопругот Раша Новаковиќ.

- Кога ќе доживеете разочарување, велите дека нема да го повторите тоа. Кој не поминал низ процесот на ин витро оплодување, не знае какво е чувството. Се надеваме, сакаме и ќе се обидеме повторно, што и да е. Ние не се откажуваме. Не знам дали пак ќе одиме во Прага. Задоволна сум со себе, остварена, немам ниту една причина да бидам несреќна. И јас не сум жена која така лесно се откажува. Се додека не е ризично за мојот живот, ќе се трудам. Имам едно дете, ќерката Лена, која расте и за која треба да се грижам. Најважно е дека сум здрава – изјави еднаш Гоца за „Глорија“ и додаде дека не е обесхрабрена од годините.

-Секогаш кога се надеваш, и кога не успеваш, од тебе се очекува да паднеш. Сепак, не сакам да се откажам, иако хормонските терапии кои го придружуваат процесот не се воопшто лесни. Сакам да верувам дека тоа е можно бидејќи верувам дека јас и мојот сопруг заслужуваме бебе. Многу е важно на сето тоа да му пристапите позитивно, па дури и да не успее, не значи дека тој и јас сме помалку вредни како луѓе. Одамна се помирив со тоа.

извор:blic

Јас немам право да го задржувам сопругот покрај себе: Гоца Тржан по петтото неуспешно ин-витро

Oткако не ни успеа четвртото ин витро, размислувавме да посвоиме дете: Гоца Тржан по петти пат се обидува да забремени