Холивудската дива има 56 години и се фотографира топлес после туширање: Со една фотка на „Инстаграм“ ги разгоре страстите на многумина
Хали Бери на неодамнешното доделување на Оскарите му покажа на светот дека годините немаат никаква врска со неа и дека старее исто како убаво вино - таа блесна во многу храбар фустан со длабоко деколте што ги откри нејзините затегнати, мускулести нозе.
Не е тајна дека Хајл се грижи за својата фигура, а резултатите се повеќе од очигледни. Таа реши повторно да ја скокотка фантазијата на публиката и на својот Инстаграм профил сподели разголени фотографии.
Ногата на Хали Бери заслужува 56 Оскари-толку години има таа и руши сѐ пред себеИмено, познатата 56-годишна дама позира како да е родена од мајка, веднаш по туширањето, но голите гради ги сокри од љубопитните очи покривајќи ги со рацете, а додека огледалото се замаглило од пареа - можевме само да замислуваме како изгледа нејзиното тело.
Foto:Halle Berry / InstagramИнаку, не е ни чудо што Бери изгледа вака - таа веќе неколку години е посветена на фитнесот и напорните тренинзи и тие се нејзината страст. Таа ужива во тренинзите во бокс, а освен со трчање, кардио со висок интензитет, тренинзи за сила и јога, наводно вежба и до четири часа дневно. Покрај сето тоа, оваа убавица има и специфичен режим на исхрана - ја практикува кето диетата и методот на интермитентно постење.
Инаку, оваа актерка ужива во љубовта со музичарот Ван Хант, а парот е многу мистериозен кога е нивната врска во прашање. Сепак, одвреме-навреме објавуваат заеднички фотографии и со задоволство се појавуваат заедно во јавноста.
Да потсетиме дека Хали зад себе има два брака и неколку сериозни врски. Таа беше во брак со бејзбол играчот Дејвид Џастис, а парот се разведе во 1997 година. После тоа беше со пејачот Ерик Бене од 2001 до 2005 година, а откако тој призна дека ја изневерил, тргнаа по својот пат.
Познатата убавица најде утеха во прегратките на моделот Габриел Обри, со кој ја има ќерката Нала, но на оваа романса и дојде крајот во 2010 година. Три години подоцна, Хали размени свадбени завети со францускиот актер Оливие Мартинез, а двојката го доби синот Мејси. Хали тврдеше дека тоа е голема љубов, но во 2016 година се разведоа.
ФОТО: Инстаграм