Имаше само 38 години: Почина поранешната ракометна репрезентативка Јулија Портјанко

Јулија Портјанко Николиќ, поранешна ракометна реперезентативка на Македонија починала утрово ненадејно на 38 години, јавуваат неколку македонски медиуми. 

Таа беше дел од екипата на Кометал Ѓорче Петров и на Вардар. 

Во Македонија дојде од Украина во 2003 година и стана член на екипата на Ѓорче Петров. Веднаш се издвои со својата борбеност, бескомпромисност и квалитет и веднаш беше преселена во првиот тим. 

Доби македонско државјанство и до последните денови од кариерата играше и за националниот тим на Македонија, последно во 2012 година.

Деталите читајте ги на Фактор тука.