Имав страшни болки, 43 кг и за малку ќе умрев: Пејачката со години се бореше со зависност а денес изгледа вака
Пејачката и актерка Кортни Лав неодамна објави отворено писмо на Инстаграм во кое признава дека е на работ на смртта, а меѓу другото за тоа ги обвини и непрофесионалните лекари.
- Луѓе, бев крајно болна и тажна. Слаба, во неопислива болка и со 43 килограми, за малку ќе умрев од анемија во август (скоро немав хемоглобин) - ја започна својата приказна вдовицата на Курт Кобејн.
Оваа вест ги шокираше нејзините обожаватели, со оглед на тоа што скоро никој не знаеше што се случува, а оваа 56-годишна жена понатаму истакнува дека многу лекари ја гледале „напреку“ поради фактот дека таа била поранешна зависничка од дрога.
Девет месеци бев стигматизирана затоа што порано бев зависник, заостанати лекари, непрофесионални лекари, надрилекари... Додека имав мачна болка. И тогаш се сретнав со емпатичен, внимателен лекар. Јас сум многу благодарна за тоа. Сега сум добро. Маслото од коноп ги отстрани скоро сите физички симптоми на моето заболување. И целата болка - тврди Кортни.
Таа се осврна на фактот дека повеќе не конзумира лекови и истакна дека била убедена дека ќе ја изгуби оваа битка.
- Патем, сè уште сум 100 процентно чиста. Бидете трпеливи со мене додека се обидувам да уживам кога им помагам на другите да се ослободат од болката. Практично бев врзана за кревет. Мислев дека овој пат болеста сигурно ќе ме скрши. Но, јас сум добро! Наскоро ќе бидам силна. Не баш како и секогаш, затоа што ова е период кога треба да бидам благ и кога не смеам да трошам енергија на гнев и слично ... Сега сум украсена со нов вид силна мудрост и поголема емпатија кон луѓето со некои болести - заклучи пејачката во објавата на Инстаграм.
Foto: Инстаграм-YouTube/Printscreen-Courtney Love
Moже да ве интересира: