Изгледа како газела: Македонската финалистка во „Ѕвездите на Гранд“ го покажа извајаното тело

Добивај вести на Viber

Македонската финалистка од регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Андријана Петрушовска по бројните настапи низ Македонија, одлучи да замине на одмор.

Убавата Македонка која гордо ја претставуваше нашата земја на шоуто, изгледа одлично во модерен костим за капење.

Таа се одлучила за дводелен костим, со светли летни бои, кои одлично и прилегаат на црнокосата пејачка. Изгледот за на плажа Андријана го надополнила со бела наметка.

Андријана Петрушовска беше една од тројцата финалисти во „Гранд“, помеѓу кои беше и македонскиот кандидат Мики Секуловски.

По завршување на шоуто, младата пејачка во знак на благодарност одржа концерт пред нејзините сограѓани во родното Драчево, каде како гости се појавија Мики Секуловски и учесникот во „Ѕвездите на Град“ од изминатите години, Александар Јосифоски.

Фото: Инстаграм
РЖМ