Ја издадоа социјалните мрежи: Џенифер Анистон повторно уловена со поранешното момче?

Холивудската актерка пред повеќе од една деценија беше во врска со Џон Мајер, а според она што го пишуваат медиумите тие двајца се видени заедно...

Актерката и поранешна сопруга на Бред Пит, Џенифер Анистон наводно е уловена во друштво на поранешното момче Џон Мајер, пишува магазинот „Who“. Како што се наведува, американскиот пејач повторно го освоил срцето на холивудската актерка, а сето тоа е откриено од социјалните мрежи.

Имено, Џон и Џенифер наводно се забележани како заедно излегуваат од еден ресторан, пишува „Who“, но тоа не е сѐ. Социјалната мрежа ТикТок ги издаде и дека се и понатаму во контакт. Обожавателите забележале дека кучето на Анистон се појавува во видеата кои Џон ги споделува на споменатата социјална мрежа.

@johnmayer

choo choo here comes new music ##songwriter ##music ##newmusic

original sound - johnmayer

Да потсетиме, Мајер е 8 години помлад од Анистон, а во емотивна врска беа една година - од 2008 до 2009 година. Поранешната двојка се запозна на една Оскаровска забава, на која веднаш се појавиле симпатиите, но судејќи по сѐ нивната љубов во тоа време не беше доволно силна. За причините за разделбата долго се полемизираше, а се појавија и шпекулации дека музичарот не бил верен. Уште една причина била и разликата во години.

Според пишувањата на странските медиуми, откако ставиле крај на љубовната романса, и двајцата во коментари редовно покажувале дека помеѓу нив и понатаму постојат емоции.