Како родени сестри: Нора Шаќири и Фатиме Фетаи позираат со иста фризура

„Сестри“ , напиша Нора Шаќири на инстаграм приказната постирајќи фотографија од нејзината, како што вели, сестра Фатиме Фетаи.

Иако не се биолошки сестри, сличноста која ја имаат до израз дошла многупати.

И Нора и Фатиме во овој момент имаат исти фризури а фотографијата која ја објавија е од ресторан. И двете обожаваат вечерни излегувања, па тоа е причина плус повеќе да се дружат.


Нора Шаќири-Марковиќ е познато Тв лице и актуелен в.д. директор на Театар Комедија. Девојка со ведар и нескротлив дух, секогаш отворена да го критикува она што не и се допаѓа, и да обратно, да го пофали она за што смета дека е добро. 

Од друга страна, секогаш отворена, директна и искрена во јавноста е и обвинителката која се прослави со тимот на Катица Јанева, Фатиме Фетаи.


За Женски магазин, Нора во една прилика искрено зборуваше за нејзината бременост, дека кога дознала дека е бремена, таа и најблиските биле збунети и заплакале од среќа. Нора открива дека била исплашена дека можеби желбата да стане мајка ќе ѝ се оствари побавно, поради проблемите со тироидната жлезда со кои се бори долги години.

(ФОТО) ФАТИМЕ ФЕТАИ И НОРА ШАЌИРИ: Ние сме како сестри


Тешко забременив поради болеста: Искрено со Нора Шаќири