Кејт и Вилијам објавија божиќен портрет со децата и целл свет гледа во нивната слика: Облечени речиси исто, а поради ова ја разбрануваа јавноста

Добивај вести на Viber

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам објавија божиќен портрет со своите деца. Без оглед на нивните претходни семејни портрети, оваа слика изненади и воодушеви многумина. Фотографијата е дел од божиќната честитка и сосема поинаква од онаа што ја подготвија кралот Чарлс III и кралицата Камила. Со новиот потег на принцезата и принцот од Велс кажаа многу.

Принцезата и принцот од Велс објавија лежерен и интимен семеен портрет на кој тие и децата носат речиси идентични бели кошули, Кејт Мидлтон и принцезата Шарлот исто така носат фармерки додека Вилијам, Џорџ и Луис се во елегантни темни панталони. Сликата ќе биде на предната страна на нивната божиќна честитка оваа година.

View this post on Instagram

A post shared by Vogue (@voguemagazine)



Неформалниот стил го видовме и на нивните претходни фотографии, јасна е нивната порака и имиџот кон кој се повеќе се приклонуваат последните години, особено по Мегзит. Сакаат да се претстават како поедноставно семејство, а со ова веројатно најавуваат нова ера на британската монархија која секако ќе следи протокол но нема да бега ниту од вакви потези.

Мора да се признае, нивната позиција во однос на Чарлс и Камила им овозможува одредена доза на лежерност.

Сликата потсетува на црно-белиот портрет на Вилијам и Хари од 1992 година. Колумнистката на Дејли Мејл, Сара Вајн, пишува дека фотографијата повеќе пренесува кул стил од Калифорнија отколку манир на Виндзор.

Фотографијата е објавена откако дворот го зафати голем скандал поради книгата на Омид Скоби „Endgame“, во која пишува дека Кејт и Чарлс ја коментирале бојата на кожата на Меган Маркл и синот на принцот Хари.


Кралот и кралицата избраа фотографија од крунисувањето, направена во Бакингемската палата, за да ја краси нивната празнична честитка, која ќе биде испратена до пријателите, семејството и соработниците. Автор на фотографијата е Хуго Бурнанд, додека Кејт, Вилијам и децата беа фотографирани од Џош Синер претходно оваа година во Виндзор, пишува Дејли Меил.


Чарлс ја носи државната круна и наметка што ја носеше кралот Џорџ V во 1937 година. Камилата на сликата ја носи круната на кралицата Марија, наметката е изработена од Еде и Равенскрофт и дизајнирана и рачно извезена од Кралското училиште за игла, креаторот на нејзиниот фустан е Брус Олдфилд.

Ова е втора божиќна честитка на кралската двојка откако Чарлс стана монарх минатата година, по смртта на кралицата Елизабета Втора, која почина на 8 септември 2022 година. Првата честитка вклучуваше слика на кралот и кралицата од Игрите Браемар во Шкотска, направени неколку дена пред смртта на кралицата.


ФОТО: Инстаграм