Кога добив рак, мојата најдобра другарка и кума никогаш повеќе не ми се јави: Настасја зборува како е кога блиските луѓе ти вртат грб во болеста

Во новата епизода на српската емисијата „Живот во рамнотежа – разговори со душата“, гостуваше поранешната ватерполистка Настасја Недимовиќ, која на многумина им е позната и како „Рак инфлуенсер“, бидејќи пишува за своето искуство од борбата со ракот на коскената срцевина и го споделува на нејзиниот Инстаграм профил за да им помогне на други кои се соочуваат со истото, откако таа го победи ракот.

Оваа фотка е мојот одговор на ракот: Ти пишувам Раку, последно писмо и сакам да знаеш, не те чекам да се вратиш!

Настасја е од Бечеј, а на 16 години се преселила во Нови Сад каде завршила менаџмент на Факултетот за спорт и туризам, и е поранешна ватерполо репрезентативка и судија. Осум години е во брак, како што вели, со љубовта на нејзиниот живот, Немања, со кој има две деца - осумгодишната Ниа и шестгодишниот Вук.


Имено, таа се разболела од рак на коскената срцевина на 27 години, за време на втората бременост, поради што се породила два месеци порано и за среќа родила здрав син. За време на нејзината борба со оваа болест, таа за жал сфатила дека некои луѓе од нејзината многу блиска околина - навистина не ѝ даваат поддршка.

Таа беше неподвижна, имаше скршени два пршлени, градната коска и ребрата, повторно учеше да оди, прими пет круга хемотерапија и ѝ беше трансплантирана коскена срцевина. За среќа, веќе пет години е во ремисија, а сега открива зошто повеќе не е блиска со својата кума. Но, исто така многу пријатели се оттргнале од нејзиниот живот кога таа се разболела, ама на патот до закрепнувањето создала нови познанства и пријателства.

фото:printscreen

- Искрено сум благодарна за тоа. Се случи да ја изгубам мојата најдобра пријателка во животот, таа замина и никогаш повеќе не се јави. Ја сретнав неколку пати на улица, ама не разговаравме, бидејќи таа едноставно сакаше да ме избрише од нејзиниот живот, откри Настасја.


извор:zena.blic

Внимавајте на декларациите на овошје и зеленчук во продавниците: Настасја открива како да видите дали се ГМО