,

Кога првпат слушнав за кафе со лимон, помислив...: Нов хит напиток за слабеење - вреди ли да се проба?

Добивај вести на Viber

фото:fayda yarar

Иако кафето обично се пие со шеќер или млеко, на некои им текнало од него да направат напиток за слабеење, па во омилениот утрински пијалок додале лимон.

Луѓе на Тик Ток го испробуваат овој експеримент, па во кафето додаваат сок од лимон, бидејќи според информациите оваа комбинација е одлична за слабеење.

Видеата собраа големо внимание, но нивните гримаси покажаа дека не е баш пријатно да се пие кафе во оваа комбинација, сепак ако покаже резултати, дека трудот ќе се исплати.

- Кога првпат слушнав за кафе со лимон, помислив дека мора да има ужасен вкус - изјави докторка за метаболичко здравје, проф. д-р Александра Соуа и објасни дека во медицината нема докази дека овие две состојки даваат резултати во слабеење.

Но од друга страна ова се смета за освежително кафе: неговата татковина е Италија, поточно чудесниот Рим. Таму се готви и полека се пие буквално на секој агол, а за готвење се користат само природни зрна, свежо исцеден сок од лимон и кора од лимон.

Зошто лимон? Сокот од лимон има единствена особина - ги намалува негативните ефекти на кофеинот врз телото, па кафето со лимон дава голем поттик на енергија по напорниот работен ден и помага да се разбудите рано наутро без никакво негативно влијание.

извор:stil.kurir,rs / dnevni.rs