Кошаркарка дои бебе за време на утакмица: Оваа млада мајка го освои светот (ВИДЕО+ФОТО)

Добивај вести на Viber

Доењето на деца во јавност за жал сеуште е табу тема. Зачестуваат примерите во кои млади мајки се повеќе се гласни и ги дојат своите деца на јавно место.

Жално е особено тоа, што голем број од повозрасните жени се први при коментирање на вакви ситуации. Требало да се покрие мајката, требало да се заврти на другата страна, морало ли сега, толку ли детето не можело да почека да се вратат дома и што ли уште не.

Една кошаркарка од Аргентина стана хит на социјалните мрежи преку ноќ, бидејќи за време на играта - доеше бебе!

Антонела Гонзалес оттогаш е главна тема во локалните медиуми.

Имено, Гонзалес играла за тимот на Томас де Рокамор, а пред 11 месеци родила ќерка. Нејзиниот натпревар против Велез Сарсфилд бил обележан со фактот дека во еден момент морала да го нахрани своето бебе, а камерите тоа го забележале.


„Секогаш ја дојам пред натпреварот. Понекогаш и е потребно тоа и нејзе и на мене. Ние веќе го завршивме разговорот со тренерот, па му реков дека ми треба уште малку време. Сè беше природно“, рече Гонзалес и додаде:

„Изненадена сум што вакво нешто има ваква популарност. Но, јас сум среќна поради тоа. Се надевам дека ова ќе биде пример за мајките дека можат да се вратат на активните спортови по бременоста и породувањето".


Томас де Рокамор на тој натпревар славеше 61:44, а Гонзалес го заврши натпреварот со осум постигнати поени.


Фото: Твитер

Видео: Youtube/telenueve

Можеби ќе ве интересира:

Мајка Кралица: Реална слика за животот на мајка која дои близнаци (ФОТО)