Лидија Кочовска со години наназд важи за еден од нашите најквалитетни вокали. Лидија е вработена во хорот на Македонската опера и балет и редовно настапува на приватни забави. Таа секогаш отворено и со доза на хумор зборува за себе си.
„ Линија? Години наназад сум „на полна“, си кркам и уживам. Шегата на страна (да не бидам сфатена дека „од понеделник“), овој пат навистина од овој понеделник почнувам со вежбање. Се надевам дека овој пат баш очигледно ќе вроди со плод“, ни изјави Кочовска.
Таа вели дека кога се шминка, најмногу сака да ги истакне очите.