„Луѓето велат дека продавам деца“: Катарина е сурогат мајка, родила две деца, но поради она што го прави ја осудуваат

Корисничка на ТикТок отворено зборуваше за тоа дека е сурогат мајка, таа родила две деца.

Многу интернет корисници не можат да го прифатат фактот дека добила пари за нејзината „услуга“. Некои го опишаа ставот на жената како „одвратен“.

Катарина Колиган (26), која објавува видеа на ТикТок под псевдонимот @caitcolli, е сурогат мајка.

Како сурогат мајка, младата жена родила две деца, две девојчиња. За тиктокерката, која досега ја гледаа над 102 илјади корисници редовно паѓаат бран критики. Корисниците на Интернет не можат да се помират со Катарина, која добива пари затоа што е сурогат. Некои ја нарекуваат „продавачка на деца“ и нејзиниот став го опишуваат како „одвратен“.

„Не е важно зошто го прави тоа, тоа е погрешно“, гласеше еден од коментарите.

- Тоа е болест. Жените кои сакаат да бидат бремени, но не сакаат да прават ништо со своите бебиња - коментира друга жена.

Катарина на нападите одговара со насмевка и позитивна енергија. Во едно од видеата со наслов „Кога луѓето не можат да поднесат да бидат сурогат“, таа танцува и се смее на стиховите на Двејн Џонсон.


Во еден коментар, Катарина објаснува дека има доволно пари да го издржува своето биолошко дете без потреба да биде сурогат. Тиктокерката, која забремени за прв пат во младоста, не мисли дека улогата на сурогат мајка е работа, туку дека им помага на другите.

Катарина сака да ги сподели деталите од нејзиниот приватен живот со своите обожаватели. Благодарение на тоа, корисниците на интернет можеа да слушнат дека последното нејзино породување како сурогат мајка не било најпријатно.

Жената имала проблеми со притисокот и не се чувствувала добро. За среќа, се‘ поминало без проблеми и се родило здраво и убаво девојче. Биолошките родители на новороденчето, кои биле во друга земја, не можеле да пристигнат на породувањето. Успеале да пристигнат неколку часа подоцна. 

Катарина информираше дека е во постојан контакт со родителите на девојчињата, и тие со задоволство и испраќаат фотографии од нивните деца. И додаде дека нема проблеми со донирање на бебиња, но и дека не брза повторно да стане сурогат. Како личност која ја поддржува ЛГБТ + заедницата, таа изјави дека ќе биде подготвена да ги поддржи пародите од ист пол кои сонуваат да имаат свое дете.


Фото и Видео: ТикТок