Мајка реши да го остави своето бебе: Потегот на медицинската сестра расплака многумина (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Медицинската сестра покажа колку срце има

Малиот Џексон е бебе, кое мајката го оставила при раѓање. Кога се родил, тој тежел само 1,5 килограми, а медицинската сестра Клер чувствувала необична врска со него.

Откако Џексон и неговата мајка закрепнале, било време да ја напуштат болницата. Клер дознала дека Џексон ќе биде предаден на посвојување затоа што неговата мајка не можела да му дозволи убав живот. 

Мајката на Џексон слушнала колку Клер се вознемирила од фактот дека тој треба да ја напушта болницата, па лично таа и се јавила и ја замолила на медицинската сестра да се обиде да му даде на ова малечко сè што му е потребно. 

Клер го започнала процесот на посвојување, а во јуни Џексон го доби својот нов дом. Иако не и било лесно одеднаш да стане самохрана мајка, таа брзо се навикнала на обврските што ги има.

- Имаше многу плачење во првата недела. Се чувствував како да плачам секој ден. Затоа го направив распоредот, а мајка ми беше моја и негова најголема поддршка - додаде Клер.



Фото:  Pixabay

Видео: Youtube/INSIDE

Можеби ќе ве интересира:

Посвоиле 5 - годишно девојче од Уганда, мислејќи дека му го спасиле животот: По 6 месеци, детето им открило ужасна вистина