Манекенката од 100 кг гордо го покажа голиот задник со целулит: Додека хејтерите ѝ велат „УА“, мажите ја посакуваат како никогаш досега (ФОТО)
Славната плус сајз манекенка позираше за бразилски „Вог“, а огромно внимание привлече една фотографија на која нејзиниот гол задник е во прв план.
Ешли Греам уште еднаш успеа да го „сруши“ Инстаграм. Познатата манекенка ја промени „играта“ со нови фотографии за бразилски Вог, а она што го подготви за своите обожаватели, малкумина можеа да го очекуваат.
Греам позираше во неколку изданија, од златен фустан, до сиво-црна креација, и разголени тоалети со светки, а на таа последна фотографија носеше дури и кратка руса перика.
Потценување е да се каже дека нејзините објави предизвикаа возбуда, но една фотографија посебно се истакна.
Греам беше фотографирана одзади, додека седеше во фустан со реси стратешки поставен над нејзиното голо дно, така што истовремено покриваше и откриваше. Манекенката ги покажа своите облини во полн сјај, покажувајќи го и целулитот и она што многумина го сметаат за „несовршености“.
Очекувано, коментарите беа поделени, па на фотографиите на нејзиниот профил има само позитивни критики. Но, како што фотографијата беше споделена на други мрежи, можеше да се забележи и дека има многу на кои им пречи она што треба да биде нормално.
Ashley Graham for Vogue Brazil (November 2023 issue) photographed by MAR+VIN pic.twitter.com/MbuigvnzGl
— linda (@itgirlenergy) November 7, 2023
Поразително е и тоа што најмногу жени пишувале ужасни коментари и ја нарекувале со секакви имиња. Но, за среќа, многу погласни се оние кои веруваат дека Греам конечно ги разбива предрасудите дека „женското тело е убаво само ако е тенко и ако нема стрии или целулит“, а многубројните коментари на мажите докажаа дека полека го оставаме застареното размислување во минатото.
ФОТО: Инстаграм