Меган Фокс откри дека имала абортус: „Ме боли бидејќи ги кријам машките гревови“

Добивај вести на Viber

Меган Фокс ја објави својата прва збирка поезија „Убавите момчиња се отровни“, во која зборува за нејзините најинтимни мисли и љубовни падови, пишува „Page Six“.

„Овие песни се напишани во обид да се искорени болеста што се вкорени во мене поради моето молчење. Целиот живот го поминав чувајќи ги машките тајни, телото ме боли од носењето на тежината на нивните гревови“, изјави таа.

View this post on Instagram

A post shared by Megan Fox (@meganfox)


Прозборе и за абортусот

Во песните I и II, актерката зборува за абортусот и чувството на тага со кое се справувала во тоа време.

„Сега морам да се збогувам. Со затворени очи замислувам дека те држам цврсто за моите гради додека ми те откинуваат од утробата. Ќе ја платам секоја цена. Кажи ми, те молам, кој е откупот за нејзината душа“, напиша таа покрај илустрација на жена која го држи бебето.

Иако парот никогаш не го потврди тоа, фановите шпекулираат дека Фокс имала спонтан абортус со детето на Машин Ган Кели, кој во неговата песна Twin Flame од 2022 година пее: „Оди спиј, ќе те видам во моите соништа“.

Истата година, пејачот на доделувањето на музичките награди Билборд изјави дека ја напишал песната за неговата сопруга и нивното неродено дете.

„Ти си зависност што нема да ја излечи ниту една молитва“

Иако актерката не ги спомнува имињата на нејзините бивши во песните, вклучувајќи го и нејзиниот вереник Кели, фановите се убедени дека таа отворено зборувала за нивните подеми и падови во врската. Во книгата, Фокс споменува „32-годишен нарцис“, „вистинска љубов, пламен близнак“ и „задоволна рок-ѕвезда која само се преправа дека има добри намери“.


View this post on Instagram

A post shared by Megan Fox (@meganfox)


„Ти си зависност што нема да ја излечи ниту една молитва“, гласи песната A Beautiful Boy is a Deadly Drug, во која таа се повика на објава на Инстаграм од 2020 година кога рече дека рокерот е „болно убаво момче“.

„Еден од идиотите конечно ме скрши“

Да потсетиме, парот се сврши во јануари минатата година, а во февруари годинава актерката ги отстрани сите фотографии од својот вереник од својот Инстаграм профил и со тоа ги подгреа гласините за раскинување, кои парот неколку дена подоцна ги демантираше.

„Но, тогаш еден ден се случи. Еден од идиотите конечно ме скрши“, гласи предговорот на збирката, а обожавателите веруваат дека тоа се однесува на гласините за раскинување.

View this post on Instagram

A post shared by the gunner (@machinegunkelly)



„Врските не се убави. Тие се грди. Понекогаш се војна. Но, преку раната доаѓа можноста да пораснете и да станете посилна, покомплетна верзија од себе“, заклучила таа.


ФОТО: Инстаграм