Меган Маркл во прегратка на ѕвездата од овие простори: Исплива фотографија од војвотката и шармерот од 90-тите
Принцот Хари порасна опкружен со познати личности, но и неговата сопруга Меган Маркл -
уште пред да ја започне својата актерска кариера во Холивуд - имаше можност да запознае голем број на познати
личности.
Нејзиниот татко, Томас Маркл, всушност е експерт за осветлување, а тој е толку успешен што дури му беше доделена и престижната Еми награда.
Поради природата на работата на нејзиниот татко, Меган порасна опкружена со луѓе од шоу-бизнисот, а на снимањето на култната серија „Married... With Children“, се запозна со една од најуспешните кошаркарки од Балканот.
Во далечната 1993 година, тогаш дванаесетгодишната Меган се сретна со Владо Дивац, кој беше гостин во првата епизода од осмата сезона на популарната хумористична серија.
Кели Банди, која ја игра Кристина Аплегат, се обиде да го шармира Дивац, кој тогаш играше за Лејкерс, во споменатата епизода. Пред извесно време на социјалните мрежи се појави фотографија што е направена по тогаш.
Појавувањето на спортистот во еден од најпопуларните ситкоми од деведесеттите привлече големо внимание во Америка, а ќерката на еден од мајсторите за осветлување - тогаш дванаесетгодишната Рејчел Меган Маркл - ја искористи можноста да го запознае Дивац, еден од најголемите НБА sвезди во тоа време.
Благодарение на нејзиниот татко, таа го посети и снимањето на легендарната серија „Општа болница“, пишува The Sun.
Фото: Profimedia
Можеби ќе ве интересира:
Во трудничко издание: Меган Маркл ја најави пролетта и го донесе духот на 60-тите години (ФОТО)