Моќни цитати од првиот Џејмс Бонд: Вие тоа го нарекувате среќа, јас судбина

Фото:Getty

Очекувано и најновиот Џејмс Бонд филм - „No Time to Die”  и покрај пандемијата, руши рекорди во однос на заработката. 

"No Time To Die" веќе донесе 25,6 милиони долари по само три дена од премиерата во Велика Британија и Ирска.

Но, да се потсетиме на некои од најмоќните инспиритивни цитати, од Шон Конери, актерот кој го глумеше првиот Џејмс Бонд и освои многу награди.

„Нема ништо подобро како предизвик од тоа да се извлече најдоброто кај човекот“

„Љубовта можеби нема да го движи светот, но морам да признаам дека го прави возењето вредно“

„Јас не најдов место во светот каде што би сакал да бидам постојано. Најдоброто во мојот живот е движењето. Со нетрпение го очекувам следното патување“

„Вие тоа го нарекувате среќа. Јас го нарекувам судбина“

„Смеењето го убива стравот, а без страв не може да има верба. Зашто, без страв од ѓавол, нема потреба од Бог“

„Иста возраст, различни созревања“

„Без размислување - тоа доаѓа подоцна. Првиот нацрт мора да го напишете со срце. Препишуваш со главата. Првиот клуч за пишување е… да пишуваш, а не да размислуваш!“

„Си го ризикувал животот за друг. Нема поголема љубов од ова“

„Витештвото што го добив беше фантастична чест, но тоа не е нешто што некогаш сум го користел и не мислам дека некогаш ќе го користам“

„Ми се допаѓаат жените. Не ги разбирам, но ми се допаѓаат“

„Мислам дека најтешкото нешто да се измести е привилегијата“