Животна училница // Приказни
Можеш да имаш многу пари, но немаш ништо ако твојот дом не е извор на мир: Бојана Скендеровски со семејна фотка и силна порака
Пејачката и водителка Бојана Атанасовска, сега Скендеровски, ужива во бракот со сопругот Васко, со кого ги има ќерката Искра и синот Ѓорѓи.
Бојана за Васко вели дека е најдобриот сопруг на светот и често споделува приватни семејни моменти низ фотографии со емотивни посвети и моќни пораки.
Овојпат таа на својот Инстаграм сподели уште една силна порака посветена на семејството, заедно со фотографија:
„Низ животот може да имаш и брда и долини,и авиони и камиони,може да ги имаш сите можни титули,може да си и најубаво и најскапо облечен,може да имаш сѐ што се брои со пари, но немаш ништо ако твојот дом не е изворот на твојата среќа и мир!
И секако во право е, зарем не?
Поврзани вести:
Ја раскажав мојата приказна, за жените кои преместиле планини: Бојана сними автобиографска песна