Најнова препорака на СЗО: Треба да се тестираат сите контакти, независно од тоа дали покажуваат симптоми

Тестирањето на контактите е важно за сопирање на ланецот на пренесување на вирусот...

Светската здравствена организација соопшти дека сите личности кои биле во контакт со заразените со коронавирус треба да бидат тестирани, без оглед на тоа дали покажуваат симптоми.

Оваа препорака на експертите од СЗО е изнесена откако епидемиолозите од САД оцениле дека тестовите не се потребни за оние кои не покажуваат симптоми на болеста, пренесува Танјуг.

Експерот Марија ван Керков истакнува дека СЗО препорачува, доколку е возможно да се тестираат сите контакти, независно од развојот на симптомите.

Во понеделникот американскиот Центар за превенција и борба против вирусот објави дека не е потребно да се тестираат конктактите кои немаат симптоми, но американскиот епидемиолог Ентони Фаучи изрази загриженост поради тоа што новите препораки може на луѓето да им дадат погрешна претпоставка дека асимптомаското ширење на заразата не треба да биде причина за голема грижа.

Ван Керков вели дека тестирањето на контактите би било прекинување на ланецот на пренесување на вирусот.

Таа исто така истакна дека носењето на маски не е доволно, туку дека е потребно исто така да се одржува физичка дистанца и да се мијат рацете.