Најпознатата љубовница и милијардер позираа за Вог, и сите ги уништија со коментари: „Ова е најморбидната фотка“

FOTO: PRINTSKRIN INSTAGRAM

Милијардерот и основач на Амазон Џеф Безос (59) и поранешната ТВ водителка Лорен Санчез (53) не ја кријат среќата откако се свршија пред пет месеци, а сега парот позираше за магазинот „Вог“.

Лорен зборувала за „Вог“ за плановите за венчавка и дали ќе го земе презимето на нејзиниот иден сопруг, пренесува People.

View this post on Instagram

A post shared by Vogue (@voguemagazine)



- Ух, да, 100 проценти. Со нетрпение очекувам да бидам госпоѓа Безос. Сè уште размислуваме за венчавката и како таа ќе изгледа. Дали ќе биде голема? Дали ќе биде во странство? Сè уште не знаеме. Свршени сме само пет месеци – изјави Санчез.

Безос откри некои од карактеристиките на неговата свршеница, поранешната ко-водителка на „Добар ден ЛА“, со која почна да се гледа на почетокот на 2019 година, набргу откако и двајцата се разведоа.

View this post on Instagram

A post shared by Vogue (@voguemagazine)


- Лорен има неверојатна интуиција, речиси вештерска моќ во овој поглед. Таа гледа работи што другите луѓе не ги гледаат. Таа е навистина многу чувствителна на другите луѓе и на она што тие го мислат - изјави претприемачот за „Вог“ и продолжи:

- Таа навистина ми помогна да вложам повеќе енергија во моите врски. Таа секогаш ме охрабрува „викај ги твоите деца, јави се на татко ти, јави се на мајка ти“, таа е многу добар пример. Таа е во контакт со луѓе. Никогаш не сум ја видел како се шминка без да разговара со некого. Обично со сестра ѝ.

Безос ја коментираше идејата да се вклучи во планирањето на свадбата.

- О, Боже, не. Дали изгледам толку глупаво – се пошегува тој.

Меѓутоа, луѓето на Интернет имаа многу остри коментари дека оваа кампања, која е направена во стил на вестерн, па многумина напишаа дека овие фотографии се непријатни и морничави. Самиот „Вог“ не беше поштеден од критиките затоа што се обиде да претстави гламурозна верзија на славниот пар, но судејќи по коментарите, не успеаја во тоа.


„Посакувам оваа фотографија да биде отстранета“, „Никогаш не сум бил повеќе засрамен од слика“, „Смешна фотографија, Ноќта на вештерките заврши“, „Ова е најморничавата објава, го прекинувам следењето на Вог“, „Посакувам да имав ИГ  филтер што ќе ми овозможи да ја блокирам секоја ПР содржина на милијардерот“, се само дел од коментарите на незадоволните луѓе на мрежите на кои сè уште не им е јасно зошто Безос и Лорен дури добија можност за фотографирање.

Инаку, Безос претходно беше во брак со Мекензи Скот, со која има четири деца. Врската со Лорен ја започнал уште додека бил во брак, па можеби оттаму доаѓа дел од непријателството кон парот, кое често е критикувано.

Отприлика во исто време, Санчез се разведе од нејзиниот 13-годишен сопруг Патрик Вајтсел. Таа имаше две деца со холивудски агент, а има уште едно дете од претходната врска со поранешната НФЛ ѕвезда Тони Гонзалес.


Извор: курир.рс