Најубавите очи во Холивуд се затворија во најстрашни маки: Трагичниот живот и болна смрт на Одри Хепберн

Убавата и талентирана актерка рано искуси страдање и разочарување

Познатата актерка Одри Хепберн е родена во Белгија на 4 мај 1929 година, како единствено дете на баронесата Ела ван Хемстра и англискиот банкар Џозеф Виктор Ентони Рустон.

На бон тон ја учеле уште од најраното детство, а нејзината мајка ѝ рекла дека нејзиното најсилно оружје треба да биде женственоста и насмевката. Затоа, не треба да изненадува што таа важеше за една од најубавите жени и најголемите дами на своето време и го стекна епитетот вистинска дива.

Нејзините родители се развеле кога таа имала само шест години, а нејзиниот татко-симпатизер на нацистите, го напуштил нивниот семеен дом. Одри често го споменуваше овој настан како најтрауматичен во нејзиниот живот и никогаш не престана да го бара својот татко.

Таа успеа во својот план и го најде сериозно болниот татко во Даблин, кому му испраќаше финансиска помош до крајот на животот. 

- Многу тешко ја сфатив разделбата на моите родители. Татко ми не‘ напушти во 1935 година, а мајка ми тогаш ми објасни дека заминал на пат и дека не верува дека некогаш ќе се врати. Наскоро започна војната и јас бев загрижена дали тој е добро и дали е воопшто жив. Секој ден му пишував писма за сè, но мајка ми никогаш не ги испраќаше, бидејќи не знаеше ниту каде е тој. Од ден на ден, научив да живеам без татко, но станав љубоморна на другите девојки кои имаа татко. Кога заврши војната, во мене се роди огромна љубопитност, за која дури и тогаш не знаев дека ја имам. Преку Црвениот крст дознав дека тој живее во Ирска, но ми требаа уште многу години да се осмелам повторно да му напишам писмо. Кога се случи тоа, на 25 години, јас бев доволно зрела и сфатив дека само затоа што тој замина не значи дека не ме сака. Собрав сили и го посетив. Никогаш не го мразев затоа што мајка ми секогаш зборуваше позитивно за него и за тоа бев бескрајно благодарна - рече еднаш актерката, пренесе 24сата.хр. 

Кога започна германската окупација во Европа, таа се пресели во Норвешка со нејзината мајка затоа што мислеа дека таму ќе бидат безбедни, па затоа започна да посетува балетско училиште таму. Таму се разболе од анемија и бидејќи живееја во трошен стан, Хепберн најпрво таму се сретна со страдање, за кое подоцна стана голем борец за човекови права.

- Никогаш нема да ги заборавам ужасните сцени што ги видов тогаш. Секој ден одеа со камиони полни Евреи во логорите. Моментот на кој сè уште се сеќавам денес е кога видов русо момче како мирно оди во сигурна смрт. Носеше неколку броја поголемо палто и насмевка на лицето. Бев дете кое гледајќи го, му се восхитува на друго дете. Затоа го посветив својот живот на работа во УНИЦЕФ - открила таа, пренесоа медиумите.

Кога заврши војната, Одри се пресели во Лондон со нејзината мајка и поради сиромаштијата, нејзината мајка беше принудена да извршува разни работи, од чистачка до гувернанта.

Самата Одри беше охрабрена да започне со работа и сфати дека глумата е многу подобро решение за неа од балетот. Нејзината мајка секогаш шиела убави фустани и, како што и самата повеќе пати потенцирала, никогаш не забележала дека немаат доволно пари и секогаш сонувала дека еден ден ќе има повеќе. 

Таа влезе во големите порти на Холивуд во 1953 година со улога во филмот „Одмор во Рим“, по што потпиша голем договор со медиумската куќа „Парамаунт“ и се пресели во Лос Анџелес.

После тоа, таа доби улога во филмот „Сабрина“ во кој игра со Хамфри Богарт, а за време на снимањето се запозна со славниот моден креатор Ибер де Живанши и стана негова муза.

За време на снимањето на споменатиот филм, таа се сретна и со актерот Вилијам Холден и се вљуби во него. Иако Холден во тоа време беше оженет, таа веруваше дека тој ќе се разведе од сопругата и ќе основа ново семејство со неа, наскоро дозна дека тој бил подложен на вазектомија и сфатила дека никогаш нема да може да биде со таков човек.

-Бев лудо заљубена во него, како и многу други, бидејќи таква сум по природа, лесно се заљубувам. Ја имам оваа лоша особина дека кога ќе започнам романса, веднаш се замислувам со тој човек во старост, а подоцна страдам. Вилијам не сакаше деца, а сонував дека еден ден ќе станам мајка, па мораше да се разделиме.

- Тоа беше страст со Вилијам, а вистинската љубов ми се случи само една година порано кога најдов венчаница и сакав да се омажам. И јас закажав датум за венчавка со тоа момче, но тогаш сфатив дека не можам да се посветам на работата и семејството и го оставив - истакна Хепберн.

Во следните години, таа стана многу популарна, улогите само се нижеа, а доби и Оскар. 

Со нејзиниот прв сопруг Мел Ферер се запознала во јануари 1954 година и се венчале во септември истата година. Иако се зборуваше дека овој брак нема да трае долго поради неговата тешка природа, тие двајцата многу се сакаа и беа среќни.

Тие во 1960 година го добија синот Шон, а пред тоа актерката имаше два спонтани абортуси. Едниот се случи во март 1955 година, а другиот кога падна од коњот и ја скрши кичмата за време на снимањето на филмот „Непростено“. Лекарите тогаш тврдеа дека и двата абортуса биле поради голем стрес, а многу таблоиди тогаш пишуваа дека нејзиниот сопруг психички и физички ја малтретирал и дека не може да ја носи бременоста поради тоа. После тоа, нивниот брак беше во криза, сè додека не се роди Шон.

-Моментите кога ќе дознаете дека сте изгубиле бебе траат како години. Страшно е кога некој ќе ти каже дека бебето умрело во твојата матка. И двата пати срцето ми се скрши затоа што очајно сакав да станам мајка. Знам дека сè се пишуваше, но разберете, Мел беше човек кој многу го сакав и никогаш нема да кажам ниту еден грд збор за него. Бев среќна со него или само така мислев, сега дури и не е важно веќе. Не сакам луѓето да мислат дека сум тажна, не сакам сожалување во која било смисла, сакам да ме сакаат поради позитивната енергија што им ја пренесувам - рече тогаш.

Хепберн се разведе од Ферер по 14 години брак. Главните причини беа што тој имаше многу љубовнички, но и што таа почна да чувствува нешто кон актерот Алберт Фини.

Таа го продолжи својот живот со нејзиниот син, и започна да носи бројни љубовници во нејзиниот дом. Таа повторно се омажи во јануари 1969 година со италијанскиот лекар Андреј Доти, кого го запозна на патување во Грција.

Следната година двајцата го добија синот Лука, но на нивната среќа и дојде крајот 13 години подоцна кога се разведоа откако дозна дека нејзиниот сопруг има неколку помлади љубовнички.

- И двата пати чекав да пораснат синовите за да се разведам. Не сакав момчињата да останат без татковци кога беа мали. Нивните раѓања се двете најубави работи што ми се случија во мојот живот. Мајчинството и породувањето се најубавите искуства на светот - рече тогаш актерката. 

Таа се повлече од светот на филмот некое време затоа што имаше ризична бременост додека го носеше Лука. Таа се врати на големото платно во 1979 година со улога во филмот „Крвна линија“.

Живееше со нејзиниот колега Роберт Валдерс од 1980 година, но не се омажи за него бидејќи ја изгуби вербата во институцијата брак.

На почетокот на 1992 година, таа отпатува во Сомалија со УНИЦЕФ, а по враќањето почна да чувствува силна болка во стомакот. Како што се покажа подоцна, убавата актерка боледуваше од рак на дебелото црево и белите дробови. Почнала со хемотерапија, но и пукнале цревата и морала итно да се оперира. Нејзиниот рак се прошири, а лекарите изјавија дека нема спас.

Одри Хепберн почина на 20 јануари 1993 година и беше погребана во Швајцарија, каде многу фанови и обожаватели на нејзиниот карактер и дело сè уште оставаат цвеќе на нејзиниот гроб секој ден.


Фото: Profimedia

Можеби ќе ве интересира:

Како дете дознал дека татко му е платен убиец: Сè што не сте знаеле за актерот кој сакаше да вечера со Трамп само под еден услов