Наполни 49 години, а изгледа младолико и свежо: Александра Ковач ја откри својата тајна за убавина и утринска рутина

Кога зборуваме за извонредниот музички талент и композиторски вештини не можеме, а да не помислиме на Александра Ковач која скоро три децении нè развеселува со своето творештво.

Иако кога се појавува во медиумите често зборува само за професионалните ангажмани, оваа дама реши на останатите дами да им покаже на кој начин може да го одржува својот изглед, младоликост и кадифена кожа на сосема природен начин.

„Пред повеќе од една година, во јуни 2020 година, ја објавив фотографија без шминка, неколку месеци пред својот 48 роденден. Не можев ни да претпоставам колку оваа фотографија ќе ги промени работите и ќе влијае на многу жени ширум регионот да го сакаат своето лице, секоја брчка и линија и своите години, но и да се грижат за своето здравје, низ правилна и здрава исхрана, спортување, грижа за својот дух, емоции и интелект. Денес, со свои полни 49 години, повторно се чувствува гордо и среќни, бидејќи заедно можеме да ги менуваме работите на подобро. Затоа со вас ја споделувам својата рутина за масажа на лице, која ја практикувам наутро и навечер, со серум или масло. Користам само природни препарати, кои не се тестирани на животни“ - напиша пејачката и ги охрабри дамите кои се во 30-тите години да инвестираат во новите методи на козметологијата и хирургијата.

View this post on Instagram

A post shared by Aleksandra Kovac (@aleksandrakovac)