Научив да живеам со неа и ја прифатив: Панчо ДНК откри како се справува со анксиозноста

Владимир Блажев или како што сите подобро го знаеме Панчо од ДНК, на својот Инстаграм профил се дружеше со своите обожаватели. 

Имено, тој им даде можност да му поставаат прашања, на кои тој ќе дава одговор. Помеѓу морето прашања, од кои многу имаше за неговата работа, а потоа и личен живот имаше и едно навистина лично прашање. 

„Како поинаку со справуваш со анксиозноста освен со таблети, нешто природно?“ - гласеше прашањето, на кое Панчо даде навистина исцрпен одговор.

„Научив да живеам со неа и ја прифатив. Таблети за анксиозност немам пиено никогаш во животот и тоа ми е голема победа. Спортувам, читам и правам тоа што ме прави среќен и тоа што ме исполнува, а според мене тоа е клучот за успехот за победа над анксиозноста“ - одговори на прашањето на следбеникот.

За потсетува, порано овој месец Панчо за Женски Магазин детално ја раскажа својата борба со анксиозноста и што е она што му било најтешко.