Не сакам да се грижам за мојата болна мајка: Исповед на жена која ќе ве остави во тотален шок

Добивај вести на Viber

Фото насловна: PIXABAY

„Јас пораснав во големо семејство. Имам двајца постари браќа и две сестри, родена сум последна и не бев планирана. Може да се каже дека сум ги уништила сите планови. Родителите не криеја дека сакале да ме абортираат, но било доцна.

Кога се родив, браќата веќе беа возрасни и студираа. Никогаш не бев дел од нивните животи. Денес и двајцата се во брак, имаат убави жени и деца, заработуваат одлични пари, патуваат насекаде… Јас дури и не ги познавам.

За сестрите, јас секогаш бев здодевна. Мајка ми ги натера да живеам со нив, за да се ослободи од мене, а сестрите ме мразеа поради тоа. Тие дури и не ја криеја омразата. Како и браќата, и тие имаат свои куќи, сопрузи, деца, добро им оди. Нема место за мене во нивните животи ниту сега.

Кога соседите доаѓаа во посета, фотографиите на моите браќа и сестри секогаш беа гордо прикажани. А, јас секогаш бев глупа, неуспешна, не бев добра за ништо, не знаев ништо.

Постојано ме споредуваа со нив, иако сите беа најмалку 15 години постари од мене. Со текот на времето, се заљубив во шиењето и се запишав во тоа средно училиште. Јас сум успешна во тој бизнис и дури и денес, работам во уметничко ателје. Имам многу клиенти и заработувам убави пари. Но, во семејството го имам прекарот „недовршен моден креатор“.

После се‘, се обидувам да комуницирам со членовите на моето семејство што е можно помалку. Тоа го решив уште во средно училиште, кога се преселив во дом за ученици, а и изнајмив стан од првата плата.

Го изградив својот свет - се омажив и добив син, тројцата бевме пресреќни, до неодамна тоа беше најдобриот период во мојот живот. Но, еден ден, сопругот и синот патуваа со автобус, кој излета од патот, и двајцата починаа. Бев скршена, не знаев каде сум или како ќе продолжам без нив.

Се свртев кон моето семејство за утеха, но не добив ништо. Дури ниту убав збор. Од тогаш поминаа десет години. Запознав еден господин и се надевам дека има среќа и за мене. Никогаш повеќе не сум се јавила на семејството, ниту пак ме повикале тие мене.

А, тогаш, заѕвони телефонот. Татко ми почина, а мајка ми имала мозочен удар и била парализирана. Моите браќа и сестри ме повикаа да се грижам за мајка ми. Секој најде некоја причина зошто не може да се грижи за неа, само јас можам. Нема. Не сакам. Неможам. Ме понижуваа цел живот. Сега се сетија на мене.

Ме уценуваа велејќи дека мајка ми ќе го препише станот на мене. Тие не сфаќаат дека јас не сакам ништо од нив. Сакав љубов и поддршка одамна. Не ми треба ништо друго од нив. Тие преминаа од уцени до закани, но јас не се предадов. Нека се снаоѓаат без мене. Повеќе мене ме нема за нив и никогаш нема да ме има“.

Што би направиле вие ​​да бевте оваа жена?


Можеби ќе ве интересира: 

Го даде својот живот, за да донесе дете на овој свет: Приказна за храбрата Јелена која одбила да се лекува од тумор на мозокот