Ненaд Ѓорѓиевски и Горана прославуваат 12 години брак: Водителот објави романтично видео од свадбата

ТВ водителот Ненaд Ѓорѓиевски слави 12 години брак со сопругата Горана со која се горди родители на близнаците Љупка и Иво.

Ѓоргиевски сопругата Горана ја запросил на годишнина од нивната врска во еден познат скопски ресторан. Токму таа пред неколку години за магазинот „1Е“ ги сподели впечатоците од романтичниот чин:
- Бев пријатно изненадена од начинот на кој сè беше организирано, одвоена маса преубаво декорирана, но не ни претпоставив што планира. По еден час евоцирање на најинтересните моменти поминати заедно се појави келнерот со главното јадење, но наместо тоа, во месингеното звоно имаше прстен. Следниот момент Ненад беше клекнат пред мене со прашањето „Дали ќе се омажиш за мене“. Секогаш кога се присетувам на тој момент го доживувам како прекрасен сон–раскажа Горана.

Сега водителот одлучи да сподели видео, како изгледала нивната свадба пред 12 години и ѝ ја честиташе годишнината на сопругата:


Интервју со Ненад Ѓоргиевски: Нашите мајки се покојни, и буквално сами со сопругата се грижиме за близнаците