Новинар на Би-Би-Си: Дајана е изворот на сите лаги за кралското семејство

Добивај вести на Viber

Само што беше откриено дека новинарот Мартин Башир фалсификувал документи со кои ја убедувал Дајана да ја отвори душата пред камерите во најпознатото интервју со покојната принцеза

Поминаа 26 години откако покојната принцеза Дајана даде интервју за Би-Би-Си, во кое раскажа детали за тоа како принцот Чарлс ја изневерувал од првиот ден на бракот со Камила Паркер Боулс.

Овој разговор повторно стана актуелен, бидејќи стана познато дека новинарот Мартин Башир фалсификувал документи, со кои ја убедувал принцезата Дајана да го пушти во палатата Кенсингтон и да ја отвори душата пред камерите.

Се појави и братот на Дијана, грофот Спенсер, кој ги покажа белешките што ги напишал за време на состанокот со Башир и Дијана, пред тоа интервју.


Спенсер тврди дека Башир дошол до низа лажни информации за кралското семејство. Меѓу другото, дека кралицата Елизабета Втора има проблеми со срцето и дека нејзиниот син Едвард се лекува од СИДА. Башир исто така имал луда информација за тоа како Чарлс ја изневерувал Дајана со својата дадилка и дека на 13-годишниот Вилијам му дал рачен часовник во кој била поставена скриена камера.

Деновиве во медиумите протекоа документи во кои Башир се брани дека целата оваа информација ја ширела Дајана. Наводно, станува збор за документи од внатрешната истрага спроведена деновиве од Би-Би-Си во врска со Башир, кој е обвинет за употреба на недозволени методи и измама на членови на кралското семејство, со цел да ја убеди принцезата на интервју.

Но, Башир е обвинет и од поранешниот графичар на Би-Би-Си, Мет Вислер. Тој беше отпуштен кога се дозна дека тој е автор на документите што Башир ги искористил за да ја уценува Дајана за да му даде интервју. Деновиве Вислер објасни на телевизија како настанало:

- Еден ден Башир ме замоли за услуга. Тој ми рече дека се подготвува за интервју со Дајана и дека сака да презентира банкарски извештаи што не може да ги добие, па би сакал да направам слични документи според неговиот опис. Го замолив да скицира за мене како изгледаат тие документи, но тој ми одговори: „Не можам да скицирам за тебе, но ќе објаснам“. Наивно му верував и ги направив тие документи, а две недели по интервјуто имаше еден куп новинари пред мојата куќа кои ме обвинија дека фалсификував банкарски изводи. Кога беше спроведена истрага на Би-Би-Си, Башир ми обвини сè и видов дека тој не сакаше да ја каже вистината. Би-Би-Си го прикри случајот и го спаси Башир, а јас бев жртвено јагне, рече Вислер.

Иако се шпекулираше дека Скотланд Јард исто така ќе ја спроведе истрагата, нивниот портпарол го негираше тоа, а Башир не сакаше да проговори деновиве и да потврди дека ја обвинил покојната принцеза за лагите што ги користел, пишува Мирор.


Фото: Инстаграм

Можеби ќе ве интересира:

Ѝ беше љубовник на Лејди Ди, се зборуваше дека е татко на Хари: Како денес изгледа поранешниот офицер и што прави (ФОТО)